ФЕНОМЕНАЛНА ЛИНА: За неполн час збришана Унгарката Галфи, на чекор од главниот турнир во Австралија

Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа е на чекор од главниот турнир на Австралија Опен, откако во второто квалификациско коло славеше против Унгарката Далма Галфи во два сета.

За само 54 минути игра, Ѓорческа комплетно ја „збриша“ унгарската тенисерка победувајќи ја со 6-1,6-1. Во извонредна игра македонската тенисерка не и остави на противничката да здивне, оставајќи и само два гема.

Во последното квалификациско коло за влез на главниот турнир во Мелбурн, Ѓорческа ќе треба да се соочи до победничката од швајцарската пресметка Стефани Вогел (која е прва носителка во квалификациите, 114. место на ВТА листата) или родената прилепчанка Амра Садиковиќ која настапува за Швајцарија.

Се вчитува...