Феноменалниот Линдстрем за триумф на Ајнтрахт, Фрајбург „торпедиран“ од Волфсбург (ВИДЕО)

Ајнтрахт Франкфурт се проби на втората позиција на табелата во Бундеслигата откако триумфираше со 3-0 против Шалке 04 во 16. коло од шампионатот.

Најзаслужен за победата на Ајнтрахт беше Данецот Јеспер Линдстрем кој најпрво во 22. минута постигна одличен погодок за водство од 1-0, а потоа во 84. минута му асистираше на Боре за конечен триумф од 2-0. Конечните 3-0 ги постави Бута во 91. минута од средбата.

Фрајбург, пак, ја загуби втората позиција на табелата по неочекуваниот убедлив пораз на гостувањето против Волфсбург. Фрајбург загуби со неверојатни 6-0, а стрелци за домаќините беа Вимер, Винд во два наврати, Герхард, Баку и Валдшмит.

РЕЗУЛТАТИ – 16. КОЛО

Бохум – Херта 3-1

Ајнтрахт Ф. – Шалке 3-0

Штутгарт – Мајнц 1-1

Униор Берлин – Хофенхајм 3-1

Волфсбург – Фрајбург 6-0

Се вчитува...