Феноменалниот Сон: Последните седум негови шута кон противничкиот гол завршиле со погодок

Тотенхем успеа да прокоцка водство од 3-0 и со три гола на Вест Хем во последните десет минути од мечот дозволи да загуби два бода во 5. коло од Премиерлигата.

Но, од мечот се издвојува и неверојатна статистика која е запишана зад името на феноменалниот Хјонг-Мин Сон кој оваа сезона во пет кола зад себе има веќе седум гола, вклучувајќи го денешниот против Вест Хем. Што е уште пофрапантно, сите последни негови седум шута во рамките на противничкиот гол на дуелите од Премиерлигата завршиле со погодок.

 

Се вчитува...