Фернандеш ефект – Манчестер Јунајтед во своите редови има играчиште

Бруно Фернандеш пристигна на „Олд Трафорд“ на почетокот на оваа година од редовите на Спортинг Лисабон за сума од 55 милиони евра, а нецела година подоцна, Португалецот се покажа како еден од најисплатливите трансфери во историјата на клубот од Манчестер.

26-годишниот офанзивен играч од средниот ред сеуште го нема достигнато зенитот на својата кариера, а веќе прикажува врвен квалитет. На 35 одиграни средби за „црвените ѓаволи“, Фернандеш има постигнато 21 гол и 13 асистенции, дури 16 повеќе од своите соиграчи во овој период.

Одличната форма Португалецот ја потврди и на натпреварот против Бахчешехир во рамките на Лигата на Шампионите во кој постигна два гола.

Се вчитува...