„Фешта во Неапол“ – Елмас и „компанија“ сигурно чекорат кон титулата во Италија (ВИДЕО)

Елјиф Елмас и неговиот Наполи сигурно чекорат кон титулата во Серија А, откако во дерби натпреварот буквално го уништија Јувентус со 5-1 како дел од 18. коло во најсилното италијанско натпреварување.

„Наполитанците“ брзо стигна до водство од 1-0 со голот на Виктор Осимен во 14. минута. Веќе во 37. беше 2-0 со погодокот на Квараскелија. До крајот на првиот дел гостите успеаја да намалат преку Ди Марија на 2-1 во 42. минута.

На полувреме во игра влезе и Елмас, а Наполи заигра уште подобро. Прво Рахмани во 55. донесе водство и од 3-1, додека Осимен со својот втор погодок во 65. минута зголеми на 4-1. Конечните 5-1 ги постави токму нашиот интернационалец во 72. минута.

Napoli [5] – 1 Juventus – Eljif Elmas 72′ from soccer

 

 


Standings provided by Sofascore

Се вчитува...