Новиот дрес на македонската фудбалска репрезентација официјално беше претставен, а промоцијата помина во знакот на голем интерес од страна на навивачите.
На настанот присуствуваа голем број љубители на фудбалот, кои имаа можност одблизу да го видат новиот изглед на националниот тим и да се дружат со дел од репрезентативците.

За присутните беше организирано и дружење со Енис Барди, Столе Димитриевски, Елиф Елмас и Бојан Миовски. Репрезентативците се фотографираа со навивачите, делеа автограми и одвоија време за разговор со најмладите и останатите присутни.

Од Фудбалската федерација на Македонија упатија благодарност до сите кои дојдоа на промоцијата и дадоа поддршка за националниот тим. Од ФФМ порачаа дека новиот дрес е претставен, а атмосферата на настанот уште еднаш покажала колку голем интерес постои за македонската репрезентација.

Новиот дрес е резултат на соработката меѓу ФФМ и „Адидас“ и во следниот период ќе биде опремата во која македонските репрезентативци ќе ги играат своите натпревари.

Премиерата на новата опрема на терен ќе следува во рамките на настапот на Македонија во Лигата на нации. Првиот натпревар со новиот дрес репрезентацијата ќе го одигра в сабота на домашен терен против Словенија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
