ФФМ го суспендираше теренот во Тетово, Шкендија на дисциплинска

Натпреварувачката комисија го суспендира теренот на ФК Шкендија и го предаде клубот на дисциплинска комисија, изјавија од ФФМ. Суспензијата е поради настаните и инцидентите на натпреварот Шкендија – Шкупи.

Дисциплинската комисија ќе одлучува какви мерки ќе преземе. Исто така екипата на Шкендија е предаденa на дисциплинска комисија.

Публиката во Тетово повреди двајца играчи на Шкупи, потоа и помошникот судија. Пред почетокот на натпреварот за време на пристигнување на играчите на Шкупи на стадионот, беше повреден еден фудбалер од гостинската екипа.

Во еден момент гостинскиот тренер Гоце Седлоски ги повика играчите да се повлечат, но после разговорот со судијата и со гостинскиот тренер Шаќири, мечот продолжи со 15 минути продолжување, во кој беше досуден пенал, и промашен од Шкендија, односно Илјази го промаши.

Се вчитува...