Фудбалската федерација на Македонија, пред стартот на новата сезона од Лигата на нациите организира дружење со нашите репрезентативци и ексклузивна можност секој да добие персонализиран оригиналн дрес на Македонија со име и број по твоја желба.
Сите љубители на фудбалот и поддржувачи на македонската репрезентација ќе имаат уникатна можност да се дружат со нашите репрезентативци, капитенот Енис Барди, како и Столе Димитриевски, Елиф Елмас и Бојан Миовски.
Настанот ќе се одржи во четврток (24 септември) од 18 часот во Ист Гејт мол во Скопје.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
