ФФМ со благодарност до БиХ: Ќе навиваме за вас на СП!

Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) упати јавна благодарност до Босна и Херцеговина за исклучителниот и топол прием за време на престојот на македонската делегација во Сараево.

Преку официјално соопштение на социјалните мрежи, првите луѓе на македонскиот фудбал истакнаа дека во главниот град на БиХ се чувствувале како дома, потенцирајќи го големото гостопримство на домаќините. Во знакот на одличните спортски и пријателски односи, ФФМ и претседателот Масар Омерагиќ испратија и силна поддршка до  репрезентацијата на БиХ, порачувајќи дека Македонија ќе навива за нив на претстојното Светско првенство.

 

Се вчитува...