Фудбалската федерација на Македонија ја објави стручната судиска анализа за натпреварот меѓу Шкендија и Струга Трим Лум, со посебен фокус на клучните ситуации во кои интервенираше ВАР.
Од Судискиот одбор посочуваат дека спорните одлуки на натпреварот биле правилно донесени, односно дека судискиот тим постапил согласно правилата на игра.
Посебно внимание е посветено на ВАР-интервенцијата во една од клучните ситуации на натпреварот. По прегледот на снимката, одлуката на теренот била коригирана, а од ФФМ оценуваат дека интервенцијата од ВАР била оправдана и правилна.
Од Судискиот одбор дополнително потенцираат дека целокупното судење на натпреварот било на соодветно ниво, со правилен критериум и добро управување со дисциплинските и техничките аспекти на средбата.
Со оваа анализа, ФФМ практично ги отфрли дилемите околу клучните судиски одлуки на дуелот и потврди дека тие се во согласност со правилата на фудбалската игра.
Официјалната анализа е објавена на страницата на Фудбалската федерација на Македонија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
