ФИБА го смени форматот на квалификациите за ЕП и за ЛОИ во Токио

Извршниот одбор на Светската кошаркарска федерација (ФИБА) најави промени во квалификациите за Европското првенство 2021 година, како и за квалификацискиот турнир за ЛОИ во Токио следната сезона.

Квалификациите за Евробаскетот ќе се играат само во еден „прозорец“ помалку, за разлика од тоа што беше претходно планирано. Тие нема да почнат како што беше предвидено во ноември 2019 година, туку во февруари 2020 година. Уште по два меча ќе се играат и во ноември 2020 и февруари 2021 година.

Место на квалификацискиот турнир за ЛОИ во Токио, ќе добијат по две репрезентации од секој регион. Во Токио ќе се квалификуваат седум репрезентации од Светското првенство, а останата бројка ќе се пополни преку квалификацискиот турнир.

Се вчитува...