ФИФА ги одбра најдобрите 11 за 2016 година

    

Светската куќа на фудбалот (ФИФА) на свечена церемонија вечерва одржана во Цирих ги одбра најдобриот фудбалер (Кристијано Роналдо), најдобриот тренер (Клаудио Раниери) како и најдобриот тим за изминатата, 2016 година.

Како и што беше очекувано, фудбалерите од Барселона и Реал Мадрид доминираа во изборот за најдобрите единаесет фудбалери. Единствено Мануел Нојер, кој е прв голман на Баерн Минхен не е член на ниту еден од шпанските гиганти.

Најдобри играчи од одбранбените линии според ФИФА се Дани Алвеш, Жерард Пике, Серхио Рамос и Марчело. Од средниот ред Лука Модриќ, Тони Крос и Андрес Иниеста додека признание за најдобра игра во нападот добија Лионел Меси, Луис Суарез и Кристијано Роналдо.

 fifatim   

Се вчитува...