ФИФА му плаќа на Ливерпул два милиони фунти

ФИФА ќе му исплати на Ливерпул два милиони фунти на име осигурување за Џо Гомез, по повредата што англискиот репрезентативец ја заработи за време на тренинзите на националниот тим, во пресрет на завршните натпревари од Лигата на Нации.

Светската куќа на фудбалот вообичаено ги осигурува фудбалерите кои настапуваат на големите натпреварувања, но од неодамна тоа се однесува и на Лигата на Нации. Предвидено е ФИФА да ги покрие платите на играчите додека тие се надвор од тренажен процес. Во случајот на Гомез, се очекува дефанзивецот да почне со тренинзи кон крајот на месец мај, па ФИФА ќе покрие шест негови месечни плати во вкупен износ од околу два милиони евра.

Нема сомнеж дека на Јирген Клоп позначајно ќе му беше Гомез да останеше здрав, со оглед на фактот дека Ливерпул им огромни проблеми со дефанзивната линија, Ван Дајк е „аут“ до крајот на сезонаава, додека Трент Александер Арнолд ќе отсуствува еден месец од терените.

Се вчитува...