Фијаско на Пандев и Џенова, загуби и Несторовски со Удинезе

Горан Пандев и Илија Несторовски нема по добро да го паметат продолжението на сезоната во Серија А откако нивните тимови претрпеа порази на вечерашните натпревари.

Џенова беше домаќин на Парма, Пандев и соиграчите се надеваа на бодови за бегство од опасната зона, но наместо тоа им се случи катастрофален пораз од 1-4. Македонскиот капитен беше стартер, но го напушти теренот по 58 минути игра, при резултат 0-3.

Несторовски со Удинезе загуби на гостувањето против Торино со минимални 1-0. Белоти го постигна единствениот гол во 16. минута, а Несторовски беше заменет во 55. минута, кога на негово место во игра влезе Ласања.

Се вчитува...