Поранешниот младински репрезентативец на Македонија, Филип Антовски и официјално промовиран во дресот на албанскиот суперлигаш Елбасан.
25-годишниот Антовски, кој игра на левата бековска позиција, се одлучија да ја прифати понудата на вицешампионот на Албанија кој сезонава е повторно со високи амбиции во шампионатот.
Антовски, кој потекнува од фудбалската школа на Вардар, во Елбасан се сели од редовите на АП Брера. А, претходно има настапувано и за вториот тим на Динамо Загреб, но и Славија Софија, Австрија Виена, Истра, Карвина. За младата селекција на Македонија има 23 натпревари.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
