Филип Глигоров го засили Шкупи

Десниот бек Филип Глигоров по три години се враќа на Чаир. Тој потпиша договор со Шкупи и го засили тимот за новата сезона во македонскиот шампионат и настапот на меѓународна сцена.

„Се враќам во Шкупи после три години. Разговарав со челниците на клубот, ми се допадна проектот, Шкупи има добар тим кој ќе се бори за титулата. Ме привлече фактот и дека ќе играме против Нефчи во Лига Европа. Ќе дадам се од себе да изборам место во стартниот тим иако има голема конкуренција и да дадам придонес во обидот за освојување на титулата“, изјави Филип Глигоров за официјалниот сајт на клубот.

Глигоров последно настапуваше во Албанија, во составот на Влазнија.

Се вчитува...