Филип и Камелија Недеви со две златни и еден бронзен медал на Светскиот куп во традиционално карате

Македонските каратисти постигнаа одлични резултати освојуваќи два златни и еден бронзен медал на Светскиот куп во традиционално карате во Лублин, Полска.

Филип Недев освои две златни медали во дисциплините кати и кихон кумите во категорија за деца 9-10 години. Камелија Недев освои бронзен медал во кати за деца од 12 до 13 години.

И двајцата се натпреваруваа во исклучително силна конкуренција меѓу повеќе од 700 каратисти од 23 земји од светот.

Се вчитува...