Филипчев: Маленко лажно се претставува

Небулозната ситуација во македонското пливање доживува кулминација. Александар Маленко со македонските пливачи ја претставува државата на СП во Гванжу, а Александар Филипчев, претседателот на Националната пливачка федерација, тврди дека тој лажно се претставува како претседател на правен субјект кој не фигурира во Централниот регистар на Република Македонија.

Филипчев со соопштение се обрати до јавноста.

Сакам да Ве известам за една апсурдна работа која подолго време се случува во македонското пливање, како што знаете од 07.06.2019 Александар Маленко повеќе не е претседател на Пливачката федерација за истото Централниот регистар на Република Северна Македонија има издадено решение.

Но, тука не застануваат проблемите со поранешното раководство,за жал тие и прогресираат со тоа што господинот Маленко за него самопризната и наречена Пливачка федерација на Северна Македонија да извади и печат, меморандум и со истите тие врши злоупотреба и лажно да се претставува.

За жал на Светското првенство во водени спортови кое се одржува во Гванжу, Јужна Кореја, Александар Маленко не го зема предвид нашиот најдобар пливач Марко Блажевски кој има далеку највреден резултат од пливачите во Македонија, го остави Евгениј Поп Ацев сам на трките од 10 км и 25 км иако тој самиот е таму со уште двајца пливачи, го подели тимот кој треба да настапи на Светското првенство. Тој самиот со двајца пливачи замина во неделата на 14.07.2019, а двајца наши пливачи заминаа вчера на 18.07.2019.

И тој според законот за Спорт на Република Северна Македонија не смее да биде репрезентативен тренер (односно според член 27 од истиот закон нема високо образование или соодветен курс). Чисто сакам да ве информирам дека во Централниот регистар на Македонија нема воопшто таков правен субјект за што повторно имаме потврда од истиот. За сето ова господинот Маленко ќе се соочи со правни последици за што побрзо надминување на оваа апсурдна ситуација.

Со почит,

Александар Филипчев

Претседател на Национална пливачка федерација

Се вчитува...