Филиповски на 25 години објави пензија, Македонија ЃП се раздели со уште тројца играчи

Македонија ЃП во идната сезона останува без четворица играчи, објавија од клубот. „Лавовите“ нема да сметаат на Христијан Коцев, Трим Амбари, Љавдрим Фазлиу, како и на Кристијан Филиповски.

Филиповски неочекувано се реши да ја прекине кариерата на само 25 години. Тој во минатото играше и за Силекс.

Со Коцев, Амбари и Фазлиу се прекинати договорите, и тие ќе си бараат нови средини како слободни агенти.

Се вчитува...