ФИНА со официјална одлука: Трансродови пливачки повеќе нема да се натпреваруваат во женска конкуренција

Светската пливачка федерација, ФИНА и официјално ги промени правилата со цел да забрани во женските натпреварувања да учествуваат пливачи кои го промениле полот од машко во женско.

Според новите правила, доколку промената на полот од машко во женско не е направена пред 12 години, трансордовиот пливач не може да настапува во натпреварувањата. Но, со цел да овозможи учество и на овие пливачи, ФИНА ќе воведе посебна категорија во пливањето за трансродови натпреварувачи.

Новите правила се усвоени со 71% гласови за од 152 членки на ФИНА. Тие се донесени со цел да гарантираат фер пливање за пливачките. Причината е тестостеронот кој го има во машкиот пол и кој влијае на физичките перформанси. Поради тоа и по промената на полот во женско, тој обезбедува физичка предност поради присуството на тестостерон.

Проблемот доби посебно внимание кога во март, Американката Лиа Томас како трансродова пливачка со рекордно време ја освои националната колеџ титула во САД. Три години претходно, Томас се натпреваруваше во машка конкуренција. ФИНА со официјална одлука: Трансродови пливачки нема да се натпреваруваат во женска конкуренција.

Се вчитува...