Фудбалерите на Палмеирас го одбранија трофејот најдобри во Јужна Америка, откако во финалето во овогодинашниот Копа Либертадорес го победија Фламенго со 2:1 по продолженија во мечот одигран во Монтевидео.
Палмиерас во водство стигна во 6. минута со голот на Рафаел Веига откако беше проигран од Мајке. Фламенго имаше серија напади после примениот гол, и до израмнување стигна преку Габриел Барбоса – Габигол кој одкосо успеа да го совлада Вевертон.
Одлуката за победникот на овој меч падна во продолженијата кога Андреас Переира ја утна цела топка, а тоа го искористи Дејверсон кој го совлада Диего Алвес и со тоа донесе голема победа.
Во времето што остана Фламенго не успеа да дојде до израмнување. Палмеирас со тоа стана прв клуб кој го одбрани трофејот во ова натпреварување после 20 години, откако тоа му успеа на Бока Јуниорс кои славеа во 2000 и 2001 година.
Ова беше трет шампионски трофеј во ова натпреварување за Палмеирас.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА