Капитенот на машката сениорска репрезентација Никола Ѓоргиев и неговиот Карловарско ќе играат во финалето на плејофот во чешката Екстралига. Полуфиналната серија екипата на коректорот ја затвори експресно, со три победи над Дукла Либерец.
Тимот од Карлови Вари кој регуларниот дел од сезоната го заврши на првото место немаше посериозни проблеми во дуелите со Либерец и се радуваше со 3:1, односно 3:0 и 3:0 во трите натпревари. Ѓорѓиев на првиот меч запиша 17 поени и беше најдобар поентер, додека во вториот меч беше стартер, но одигра само еден сет и реализираше еден ас сервис. Во третиот натпревар коректорот беше во состав, но одмараше.
Македонскиот репрезентативец и Карловарско во финалето го чекаат подобриот од полуфиналната двојка Чешке Будејовице и Прага, каде во моментов е 1-1 во победи и серијата уште трае.

Фото: www.volleyball.ch/Damien Sengstag
Искусниот интернационалец и поранешен репрезентативец Ристо Николов како вицешампион на Швајцарија, со неговиот тим Нефелс стави крај на богатата играчка кариера. Средниот блокер во својата последна сезона како капитен го предводеше тимот и до финалето на Купот на Швајцарија и до финалето на плејофот, но не успеја да крене шампионски пехар.
Нефелс со 3:2 (25:20, 18:25, 17:25, 33:31, 12:15) загуби во последниот натпревар во серијата од Амрисвил, кој успеја да ја одбрани шампионската титула со 3-0 победи во финалето. Николов го одигра целиот натпревар и запиша девет поени (пет од напад и четири од блок).
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

