Финалето од Купот на Македонија за жени на 30. мај во Пехчево

Фудбалската федерација на Македонија одлучи финалето од Купот на Македонија за жени да се игра на 30. мај на стадионот на ФК Кит-Го во Пехчево.

За првпат во својата историја Пехчево ќе биде домаќин на еден фудбалски настан од овој ранг, благодарение на новиот фудбалски терен изграден од ФК Кит-Го, кој до 30. мај ќе биде и дополнително реконструиран како би се создале идеални услови за натпревар.

Во женското финале од Купот на Македонија ќе се соочат екипите на Драгон и Тиверија Струмица.

Се вчитува...