Јуниорската финалистка на Вимблдон, Никола Бартункова е суспендирана поради допинг. 18-годишната Чешка тенисерка нема да може да се натпреварува бидејќи била позитивна на триметазидин.
Таа супстанца била пронајдена во нејзината крв при тестирање во Трнава и Марибор, во февруари и март. Да потсетиме, оваа дрога е пронајдена и кај Русинката Камила Валијева 2021 година, натпреварувачка во уметничко лизгање, но и кај 23 кинески пливачки.
Бартункова лани играше во јуниорското финале на Вимблдон, каде беше поразена од Клерви Нгуну. Таа стигна и до полуфиналето на Ролан Гарос во сингл и до финалето во двојки.
Таа доби забрана за натпреварување во очекување на сослушувањето пред Агенцијата за интегритет на тенис. Инаку, таа се наоѓа на 282. место на ВТА листата.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА