Финални две недели за Ренова за максимална подготвеност за Европа

За Ренова остануваат уште две недели финални подготовки пред стартот на новата сезона во македонскиот шампионат, но и пред настапите во квалификациите за Лигата на Европа.

„Гипсарите“ вчера во Охрид ремизираа без голови со Пелистер. Шефот на стручниот штаб, Бујар Ислами вели дека е задоволен од залагањето на фудбалери без разлика на резултатот.

„Ремито е добар резултатот ако се знае дека цело второ полувреме игравме со фудбалер помалку. Жалам што доминацијата во првиот дел не ја капитализиравме со погодок кој сигурно ќе влијаеше многу во играта. Во целина сум задоволен од момците и немам што да има замерам за мечот со Пелистер. Ни преостануваат уште две недели да ги финализираме подготовките и максимално подготвени да го пречекаме почетокот од Првата лига“ – вели Ислами.

Се вчитува...