Фиорентина му го нуди тренерското столче на Унаи Емери

Италијанскиот калчолигаш Фиорентина е пред разделба со тренерот Џузепе Јакини откако тимот нанижа два последни порази, а нема победа на пет меча по ред во Серија А. Шокантниот пораз од Сасуоло се чини ќе му пресуди на Јакини, а раководството на клубот тргна во преговори со шпанскиот стратег Унаи Емери кој во минатото седеше на клупата на Арсенал.

Фиорентина имаше големи амбиции пред почетокот на оваа сезона, но западна во голема резултатска криза и сега се наоѓа на 13. позиција на табелата со 31 бод, само шест бода повеќе од Лече кој е во зоната за испаѓање.

Се вчитува...