Фиорентина и Сампдорија одиграа „луд натпревар“ и на крајот ремизираа 3-3. „Вилетовите“ имаа водство од 2-1, потоа и губеа 2-3, а спасија бод во судиското продолжение од мечот со голот на Герман Пецела.
Мјуриел донесе водство, но Рамирез израмни пред самиот крај на првиот дел. Повторно Мјуриел погоди во 70.минута за нова предност на домаќинот, но потоа Квалјарела со два гола направи целосен пресврт. На крајот, Пецела донесе израмнување, 3-3.
Спал и Болоња ремизираа 1-1, а Аталанта со 0-5 го декласира Фросиноне.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА