ФИС ги промени резултатите од спустот во Кран-Монтана три дена по трката

Светската скијачка федерација три дена по спустот во Кран-Монтана објави поинакви резултати од оние штои беа првично признати. Поради проблеми со мерењето на времето, ФИС спровел истрага и затоа прави промени на победничкиот подиум. Победничката Софија Гоџа го задржува првото место, но без подиум остануваат Јоана Хелен и Лара Гуд-Бехрами. Хелен оди на четвртото, а Гуд-Бехарми на шестото место.

Според коригираните резултати, вторто место и припаѓа на Никол Шмидхофер, а третото на Корин Зутер.

Од ФИС велат дека времињата на овие четири скијачки не биле електронски мерени, а дека дошло до грешка во рачното мерење на резултатите.

Се вчитува...