Фјури се враќа во рингот: Борбата е на 3 декември, но ривал нема да му биде Џошуа

Тајсон Фјури е подготвен за камбек во боксерскиот ринг откако неприкосновениот шампион прифати камбек и борба против сонародникот Дерик Чисора.

Она што е интересно е што Фјури во изминатите месеци во неколку наврати повторуваше дека би се вратил само доколку за ривал го има Ентони Џошуа. Сепак, откако обидите за организација на таква борба пропаднаа, на крајот беше договорен дуел со Чисора, закажан за 3 декември на стадионот на Тотенхем во Лондон.

Ова ќе биде трета борба меѓу 34-годишионт Фјури и четири години повозрасниот Чисора, а на претходните две победуваше Фјури, во 2011 и во 2014 година. Актуелниот првак е голем фаворит и во пресрет на декемврискиот дуел, ако се знае дека Фјури е без пораз на последните 32 борби, додека Чисора загуби на три од своите последни четири влегувања во рингот.

Се вчитува...