Фјури со поддршка за Мајк Тајсон и ќотекот во авионот: Би дал пари за да ме удри таква легенда!

Шампионот на ВБЦ во тешка категорија, Тајсон Фјури, застана жестоко во одбрана на својот идол – Мајк Тајсон. Причина е тепањето што „Железниот“ го напарви врз патник за време на лет минатата недела.

Видеото од инцидентот го обиколи светот, а стана познато дека дотичниот е тешко повреден и долго време го нервирал легендата, навредувајќи го и зборувајќи му провокативно. Поради тоа 55-годишниот Тајсон не можел да издржи и му нанел серија удари на човекот. Полицијата го презела случајот, но мажот одбил активно да соработува и не е јасно дали ќе има други последици за самиот Мајк.

„Мајк Тајсон е вистински ѕвер. Не можете да се плеткате со него затоа што не знаете што ќе се случи понатаму. Како можеш да се справиш со лав со стап? Колку долго можеш да се справиш со маж пред да направи нешто во врска со тоа? Мајк е Мајк. За џабе не беше прогласен за „Најлошиот човек на планетата“. Ако е доволно маж за да го нервира Тајсон, да“, го започна својот коментар Ромскиот крал.

Тој додаде дека самиот би плати Мајк да го удри.

„Тој треба да плати за тоа што се случи. Сега ќе им кажам на сите дека го удри една легенда, светскиот шампион Мајк Тајсон. Јас лично би платил за ова да ми се случи“, потенцираше Фјури.

Се вчитува...