Ханси Флик го коментираше триумфот на Барселона од 2-1 на гости против Осасуна, кој може да се покаже како победа за шампионатот. За да го стори тоа, Реал Мадрид мора да направи грешка на гостувањето кај Еспањол денеска, а германскиот тренер вели дека неговиот тим веќе го направил она што требало да го направи и дека прославата ќе дојде кога ќе дојде вистинското време.
Тој кажа дека е среќен за клубот, и сега само останува нивниот градски ривал Еспањол да се обиде да остане непоразен против Реал Мадрид.
„Среќен сум за тимот. Мечот со Осасуна беше тежок, но ние сакавме да победиме. Го контролиравме мечот и во првиот дел, но игравме многу подобро во вториот. Си ја завршивме нашата работа, и тоа е најважно. Што ќе се случи сега не е во наши раце. Титула секогаш може да се слави, без разлика дали е утре или следната недела. Ќе славиме кога ќе ја освоиме. Сега се што можеме да правиме е да чекаме“, изјави Флик.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
