Флорентино Перез ја продолжува војната што самиот ја почна по обвинувањата за корупција во шпанскиот фудбал, откако првиот човек на Реал се пожали дека неговиот тим е жртва на судиите поради кои останал без најмалку седум шампионски титули во Ла Лига.
Тој ја обвини Барса за корупција на шпанските судии, по што веднаш стигна одговор од каталонскиот гигант дека обвинувањата детално се разгледуваат за да се почне судски процес за навреда и клевета против првиот човек на Реал.
Очекувано, не се чекаше многу на одговор од Флорентино..
„Барселона сака да ме тужи? Едвај чекам да ме тужат, еве сум тука, нека дојдат… Две децении ги плаќале судиите, постојат докази, а потоа на судењето излегоа и кажуваа работи кои се далеку од вистината. Тие нека тужат, а ние веќе следната седмица ќе ги презентираме сите докази за корупцијата што владее со години наназад“, порача претседателот на Реал Мадрид.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
