„Флорентино мора да си замине, тој го има киднапирано Реал Мадрид“

Флорентино Перез е еден од најголемите губитници во целиот проект наречен Суперлига, откако по неговото бомбастично интервју во кое гарантираше безбедност и единство меѓу учесниците, само 24 часа подоцна ова натпреварување официјално да биде запрено на неопределено време.

Перез пред само десетина дена доби нов четиригодишен мандат како предводник на Реал, но сега се поголем е притисокот врз него да си поднесе оставка. Еден од најгласаните критичари на Флорентино е поранешниот претседател на Реал, Рамон Калдерон.

„Многу ми е мило што Суперлигата брзо пропадна како проект, тоа беше и очекувано бидејќи е направена на глупав начин, без размислување. Кога слушнав, мислев дека е лоша шега бидејќи стануваше збор за катастрофален проект. Флорентино излезе во јавноста и призна дека финансиската состојба на Реал е катастрофална, дека не може да се справи со неа со ова темпо на натпреварување. Сега кога Суперлигата пропадна, оставката на Флорентино би бил достоинствен потег после големиот неуспех, бидејќи го доведе клубот во критична ситуација. Сепак, не очекувам тоа да се случи, бидејќи Флорентино Перез го има киднапирано Реал Мадрид како клуб, а сега сака преку него сака да владее со фудбалот. Не очекувајте да преземе одговорност по ова фијаско“, изјави Калдерон.

Се вчитува...