Флорентино Перез донесе одлука околу иднината на Мбапе

Петицијата на навивачите за заминување на Килијан Мбапе беше успешна, но залудна. Газдата Флорентино Перез нема намера да дозволи Французинот да замине од клубот, и покрај барањата на фановите.

Перез стави „вето“ на заминувањето на напаѓачот, и нема шанса да го пушти во друг клуб.

„Нема никаква можност Мбапе да си оди од Реал Мадрид ова лето“, велат извори блиски до кралскиот клуб.

На 41 натпревар Мбапе сезонава постигна 41 гол. Бројките изгледаат одлично, но атмосферата во соблекувалната на Реал Мадрид е далеку од идеална, а според некои извори „вина“ има токму и егото на Мбапе.

Откако дојде во Реал, овој тим не ја освои титулата во последните две години, а не дојде ниту до трофејот во ЛШ, што е секогаш цел за „кралскиот клуб“.

Се вчитува...