Флорентино Перез патува во Сеута да ја смири ситуацијата по скандалот

Претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез, во петок ќе отпатува за Сеута, каде што е предвидено да се сретне со Хуан Хесус Вивас, претседателот на автономниот град Сеута.

Реал Мадрид се обиде да покаже солидарност со Сеута и нејзините жители на гостувањето кај Елче, кога играчите „Сите сме скуши. Сеута и Витезите на морето“. Изразот „скуши“ се користи како прекар за жителите на Сеута.

Сепак, од сето тоа произлезе скандал бидејќи Винисиус, Килијан Мбапе и Ибрахим Конате одбија да ја истакнат пораката од маицата. Сите тројца ги соблекоа маиците за време на загревањето, а Мбапе и Винисиус ги свиткаа маиците при фотографирањето пред натпреварот, практично криејќи ја пораката испишана на нив.

Маиците беа дел од акцијата за солидарност организирана од здружението на претприемачи од Валенсија, а во иницијативата учествуваа и Виљареал, Леванте, Елче и Валенсија. Од Реал изјавија дека одлуката дали ќе ги носат маиците или не, била препуштена на самите играчи.

За да покаже дека Сеута ужива голема поддршка од Реал, Флорентино Перез во петок ќе оствари официјална посета на овој автономен град. Во придружба ќе му бидат Емилио Бутрагењо и Хозе Мартинез Пири, почесниот претседател на Реал, кој потекнува токму од Сеута.

Се вчитува...