Флорентино Перез: УЕФА за џабе се заканува, не ни може ништо…

Флорентино Перез воопшто не стравува од заканите на УЕФА за дисквалификаците на Реал Мадрид, Челси и Манчестер Сити од полуфиналето во Лигата на Шампионите за оваа сезона.

Европската куќа на фудбалот за петок најави состанок на Извршниот Комитет, за кога е најавено дека ќе биде донесена одлука за елиминација на зелена маса на „одметниците“ од елитното европско натпреварување. Сепак, Перез е убеден дека нема никаква шанса клубовите да бидат казнети.

„Се закануваат, но тоа се празни зборови. Играчите можат да бидат мирни бидејќи тие закани нема да се реализираат. Тие го имаат монополот во фудбалот, УЕФА мора да биде транспарентна, не да се заканува на сите кои не мислат како неа. Со ова што го направивме монополот е готов. Нема да ги исфрлат нашите клубови од ЛШ, ниту пак од домашните лиги. Не ни можат ништо, правно сме апсолутно сигурни“, истакна Перез.

Се вчитува...