ФМП Академија убедлив на гостувањето кај Ангели

ФМП Академија со убедливи 83-56, го совлада составот на Ангели во 19. коло во кошаркарската Суперлига. ФМП во текот на целиот мач имаше предност која само ја зголемуваше, и на крајот славеше со 27 разлика.

Уште во првата четвртина ФМП ја докажа својата фаворитска улога, и го доби првиот период со 22-11. Во вториот период нешто подобра игра на Ангели, па ФМП ја доби само со пет разлика (14:19).

Во второто полувреме иста ситуација. ФМП константно ја зголемуваше предноста се до финишот. Најголемата предност беше 28 разлика во последните секунди.

Крстајиќ беше најефикасен со 19 поени, додека кај поразениот тим најголем број поени уфрли Атанасов – 12.

Се вчитува...