ФМП му се заблагодари на Петровиќ – Божиноски го превзема тимот (ФОТО)

Академија ФМП му се заблагодари на доскорешниот теренер Алексаднар Петровиќ за успешната соработка во претходните две сезони. Искусниот стратег на клупата на тимот од Кисела Вода го наследи Владимир Мирковски и со успех го предводеше тимот до два полуфинални натпревара во Купот на Македонија, како и четвртфиналето од разигрувањето за титула претходната сезона.

Оваа сезона Академија ФМП оствари биланс од десет победи и шест порази во Првата лига и е на добар пат да забележи уште едно учество во Суперлигата, а таа задача сега му припадне на доскорешниот помошен тренер Николче Божиноски.

Се вчитува...