Сопругата на еден од најдобрите кошаркари на сите времиња Коби Брајант, кој во хеликоптерска несреќа заедно со својата ќерка Џана и уште седум лица го загуби животот, објави дека фондацијата на нејзиниот сопруг ќе добие ново име.
„Бидејќи не постои „24“ без „2“, сакаме да ве информираме дека „Мамба спортс“ фондацијата добива ново име „Мамба и Мамбасита спортс“ фондација. Нашата мисија е да останеме исти – да бидеме посилни од било кога и да им помогнеме на младите преку спортот да се развиваат“, напиша Ванеса Брајант.
View this post on Instagram
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА