ФОТО: Атлетико го претстави Дембеле, Лион веднаш најде замена

Атлетико Мадрид денеска и официјално го претстави Муса Дембеле за најново засилување, завршувајќи ја потрагата по нов голгетер кој ќе го наследи Диего Коста во тимот на Диего Симеоне.

Лидерот во Ла Лига се договори со Лион позајмицата до крајот на сезонава да чини 1,5 милиони евра, а доколку Атлетико реши да го задржи Дембеле и да потпише перманентен договор со овој фудбалер Атлетико ќе треба да доплати уште 35 милиони евра.

Лион експресно најде замена за овој голгетер, потпишувајќи договор со Алжирецот Слимани од редовите на Лестер.

Се вчитува...