ФОТО: Фудбалерите со роденденско изненадување за селекторот Ангеловски

Македонските репрезентативци вечерва приредија мало роденденско изненадување за селекторот Игор Ангеловски.

45-от свој роденден Ангеловски го прослави заедно со своите избраници во хотелот Хилтон и, како што самиот објави, добивајќи луксузен часовник „Tissot“ од фудбалерите.

„Дечки Ви благодарам за честа и поклонот, но јас и сите навивачи на македонската фудбалска репрезентација од вас го добивме највредниот поклон EURO 2020“ – објави Ангеловски.

Се вчитува...