ФОТО НА ДЕНОТ: Каде си тргнал Џиџи?

Минатото лето Џанлуиџи Донарума се реши да замине во ПСЖ на изненадување на сите фанови на Милан. Тој го напушти клубот од каде потекнува, одбиваше да потпише нов договор, и се реши за нов предизвик. Меѓутоа откако замина во Париз, ништо не му оди. Испадна од Лигата на шампионите, сега нема да го види и Мундијалот.

Ова е фотографијата која покажува дека и Донарума се обиде да стори се што можеше, но „бомбата“ на Трајковски беше толку прецизна, што ниту еден голман кој брани во великан и кој заработува 12 милиони евра годишна плата не успеа да го скроти.

„Сериозно? Зарем голман кој заработува 12 милиони годишно не можеше ова да го фати? Среќа што си замина од Милан, Мањан ова ќе го фатеше, сигурен сум“, е коментарот на еден од навивачите на Милан на социјалните мрежи.

Се вчитува...