ФОТО НА ДЕНОТ: Од меч во меч се подобри – Македонија е се поблиску и до женската ракометна елита

Женската ракометна репрезентација на Македонија минимално загуби со 31-30 на гостувањето кај фаворизираната Црна Гора во меч од 2. коло во ЕХФ ЕВРО купот. Иако во тимот Црногорките за разлика од Скопје ги имаа искусните Радичевиќ и Мехмедовиќ избраничките на Љубомир Савевски и тоа како пружија силен отпор.

Репрезентација чиј просек на години беше 20.3 достојно се држеше против шестата репрезентација од игрите во Токио и доколку не беше падот на средината на второто полувреме, на крајот можеби можевме да се радуваме и на победа.

По мечот иако минимален пораз, се гледа дека атмосферата во репрезентацијата во Никшиќ била на неверојатно ниво.

 

Се вчитува...