ФОТО НА ДЕНОТ: „Соколите“ на прием во Општина Карпош

Кошаркарите на К. Соколи денеска беа на прием во општина Карпош, која со години наназад е еден од главните помагатели на клубот и сигурно меѓу најзаслужните за историскиот триумф остварен во неделата – освојувањето на победничкиот пехар во Купот на Македонија.

„Соколите“, предводени од претседателот Огнен Дедиќ и тренерот Драган Николиќ беа примени од градоначалникот Стевче Јакимовски и претседателот на Советот, Сашо Лазаревски. Во пријатна атмосфера, кошаркарите и првите луѓе на општината разменуваа мислења околу тоа што се случи во Кавадарци, но и тоа што го очекува тимот, а тоа се последните неколку кола од АБА-лигата.

Сите од таборот на Карпош Соколи напоменаа дека ова не е краен дострел на тимот оваа сезона, туку откако ќе биде потврден опстанокот во регионалното натпреварување сите сили ќе бидат насочени кон следната поставена цел – освојување на шампионската титула.

Се вчитува...