Кристијано Роналдо конечно се смилува, се појави на тренинзите на Манчестер Јунајтед, па денеска го одигра и првиот меч за „црвените ѓаволи“ летово, на „Олд Трафорд“ против Рајо Валјекано.
Тен Хаг се надева дека ќе го убеди Кристијано да се премисли и да остане во Јунајтед, но првите знаци не се воопшто позитивни. Португалецот делуваше крајно разочарано во 45-те минути колку што остана на теренот, а воопшто не беше импресиониран ниту од советите што ги добиваше од екс-тренерот на Ајакс.
Фотографијата најдобро говори, кога Јунајтед не може да доминира против ривал како Рајо, борбата за титула повторно делува нереално.
Да останам во Манчестер Јунајтед, ма нема шанси…
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА