Работнички претрпе катастрофален пораз на домашен терен од Пелистер, а Димитар Мираковски целосно ја загуби тактичката битка со Марјан Илиевски.
На трибините во СРЦ „Кале“ можеше да се забележи Марин Докузовски, екс-тренерот на Работнички кој сега е дел од управата на „центарци“ и кој не можеше да ги скрие фрустрациите од очајното издание на „црвено-белите“.
Докузовски му беше ментор на Мираковски, но во ситуација кога беа доведени квалитетни (и нималку евтини засилувања), а тимот одигра потпросечно во АБА2, сега губи и на домашната сцена, јасна е желбата на навивачите Марин повторно да ја преземе контролата.
Бидејќи со вакви изданија под водство на актуелниот стручен штаб, на Работнички не му се пишува ништо добро сезонава.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА