ФОТО: Несекојдневно – Авион во полетување го прекина за момент тренингот на репрезентативците

ЕКИПА во Гибралтар,

ФОТО: Игор Паневски

„Викторија“ стадионот во Гибралтар на кој утре македонската репрезентација од 18 часот ќе го игра вториот натпревар од Лигата на нации, се наоѓа веднаш до аеродромската писта во малата пиринејска земја на најужниот срт од Европа.

Па, домаќините се навикнати кога авионите покрај нив полетуваат, додека се одработуваат фудбалските активности.

Но, македонските репрезентативци за момент го прекинаа денеска тренингот во Гибралтар при полетувањето на авион, фокусот неизбежно инстинктивно насочувајќи го кон несекојдневната глетка.

Се вчитува...