ФОТО: Промовирана топката со која ќе се игра финалето во ЛШ

Спортскиот бренд „Адидас“ ја промовираше топката со која ќе се игра финалето во Лигата на шампионите во Париз помеѓу Ливерпул и Реал Мадрид на 28. мај.

Топката има сиви ѕвезди, а на неа има и пораки за мир, алудирајќи на инвазијата на Русија врз Украина. Топката многу наликува на финалето 2002 година од кога Адидас има официјална топка за финалниот меч во ЛШ.

Се вчитува...