ФОТО: Валон Етеми се приклучи на репрезентацијата во Малага

ЕКИПА во Малага, Шпанија
Владимир Булатовиќ

Македонскиот репрезентативец Валон Етеми, се приклучи со репрезентацијата во Малага, и тој ќе биде на располагање на селекторот Благоја Милевски за останатите три дуели во Лигата на Нации.

Етеми од Истанбул слета во Малага каде ги пречека останатите репрезентативци. Тој поради обврски кон клубот Истанбулспор, не можеше да биде на располагање за мечот со Бугарија. Вчера Етеми имаше свој придонес во победата на својот тим и пласманот во Супер-лигата на Турција.

Сега селекторот Благоја Милевски ќе има уште една опција на крилните позиции за престојните дуели со Гибралтар на гости, Грузија дома и Гибралтар дома.

Се вчитува...