Пелистер е хит на новата кошаркарска сезона, откако Марјан Илиевски за кратко време успеа да создаде победничка машинерија што ги меле противниците. Шест натпревари, шест победи, на пет од нив постигнати над 100 поени, онаа најниската заврши со „плус 24“, наспроти најубедливите „плус 50“ против Вардар.
Моќта на битолчани вечерва ја почувствува Работнички, тимот што со ростерот што го има оправдано е вбројуван меѓу главните кандидати за титулата, но денеска во „Кале“ му беше одржана лекција по модерна кошарка.
Пелистер погодуваше и од рекет и од далечина, контри трчаше центарот Кесар, во скок-играта помагаа буквално сите, а во одбраната беа неутрализирани сите со исклучок на Балмазовиќ. Рецептот за успех е проверен, еден играч не може сам да добие натпревар, а колективот на Пелистер и тактичката подготовка за ова дерби се покажаа неколку класи над оние на „центарци“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА